×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Силните контроли и казни го намалија бројот на жртви во сообраќајки, велат од МВР

    04.04.2022 07:05 | Сузана Николиќ

    Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.

    Силните контроли и казни го намалија бројот на жртви во сообраќајки, велат од МВР

    „Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првото тримесечие во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Во првите три месеци од 2022 година има 18 жртви, што е за 10 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 28. Само во месец март 2022 година имаме четири жртви, а во март 2021 имало 16, што е бројка дури четири пати поголема од март 2022“, сооопшти помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски

    Министерството за внатрешни работи, заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје, продолжи со активности од кампањата за подобрување на безбедноста на пешаците, под мотото „И јас и ти - сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Оваа кампања ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови во државата.

    „Покрај превентивните акции, продолжуваме и со засилените акциски контроли за санкционирање на оние учесници во сообраќајот што не ги почитуваат правилата. Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 83 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин. Во првите три месеци од 2022 година санкционирани се 2298 возачи кои не дале првенство на минување на пешак, а санкционирани се и 2784 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила“, соопшти Ангеловски.