×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Силно невреме гo зафати кумановско-липковскиот регион, паѓаше град со големина на орев

    21.05.2024 20:52 | Оливера Пешевска

    Селата Отља, Оризаре и Лопате во Општина Липково претрпеле најголема штета во невремето кое попладнево го зафати кумановско-липковскиот регион.

    Силно невреме гo зафати кумановско-липковскиот регион, паѓаше град со големина на орев

    Невремето започна во 18.15 часот со интензивен пороен дожд, силен ветер и град со големина на орев. 

    Според првичните податоци на Центарот за управување со кризи оштетени се земјоделски култури и има штета на автомобили од паднатиот град.

    Во Куманово добиена е пријава за поплавен двор во кој има трафостаница на ЕВН на улицата „11 Октомври“ број 77 зад објектот на „Живко Фурна“. Регионалниот ЦУК Куманово го известило ЕВН за да се преземат безбедносни, интервентни мерки од нивна страна.

    Во Младо Нагоричане - Општина Старо Нагоричане, пријавивено е дека од обилните врнежи на дожд и град уништени се 300 родни дрвца и оштетен му е кров на викенд куќа.

    ЦУК предупредува дека, според УХМР се очекува зголемување на водостојот на дел од реките. Конкретно, заради обилни врнежи од дожд во Косово, таму е зголемено нивото на реката Лепенец. Во текот на вечерните и ноќните часови се очекува да има зголемување на водостојот на реките и во нашата земја.

    Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

    За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.