×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Силно невреме во кумановско

    27.07.2014 16:51 | KumanovoNews

    Скршени автомобили, откорнати дрвја и скинати кабли од електрична мрежа, е билансот од попладневното невреме што го зафати кумановскиот регион.

    Силно невреме во кумановско

    Според информациите од подрачната единица на Регионалниот центар за управување со кризи, силниот ветер проследен со дожд откорнал дрво, кое паднало врз автомобил на улицата "Моша Пијаде". При тоа била предизивикана штета и на електрични кабли.

    Дознаваме дека неколку автомобили се оштетени и во близина на комплексот Стара Бања и пред Ургентниот центар, откако врз нив паднале дрвја и скршени гранки.

    Оштетувања на електричната мрежа има и во близина на земјоделското училиште во Долно Којнаре, во населбата "Иго Тричковиќ" и на улиците "Б.Б Гуцман" и "Индустриска", поради што избувнале пожари, кои навреме биле изгаснати.

    Во општина Старо Нагоричане невремето било проследено со град со големина на орев, кој паѓал повеќе од 10 минути, и при тоа биле уништени земјоделските култури. Ветрот откорнал дрвја на локалниот до село Војник и во близина на селото Драгоманце.

     Екипи на јавното претпријатие "Македонија Пат", од Куманово,  интервенирале на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, каде се чистат наноси и одрони од водата, и на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка се расчистуваат паданти гранки.

    Поради невремето без струја останаа повеќе кумановски села, како и населбите Карпош и Доброшане.

    Невремето во Куманово започна по 16 часот, а траеше до 19 часот.