Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека синдикалната кошница за месец август, за четиричлено семејство изнесува 61.199 денари, и бележи пораст од 629 денари во однос на јули.
Фото: pxhere.com
Според објавените податоци на ССМ од почетокот на годината зголемувањето е 4.036 денари, а според новата методологија која се применува од декември минатата година, покачувањето е за 4.677 денари.
„Податоците од синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани“,соопштуваат синдикалците.
Инфлацијата на годишно ниво е три проценти, податок кој го пресметува Државниот завод за статистика.