Сиријци со лажни лични карти сакале да поминат на Табановце
11.11.2014 15:17
| KumanovoNews
Двајца сиријски државјани со лажни лични карти сакале да излезат од земјава на граничен премин Табановце.

Х.М.(33) и Д.Ј.(18) во октомври годинава при пасошка контрола на Табановце приложиле една унгарска и една германска лична карта. Полициските службеници при проверка утврдиле дека се работи за фалсификувани лични карти. Сиријците признале дека илегално влегле во земјава кај граничен премин Богородица, а личните карти ги набавиле во Атина од лице од Ирак за 1000 евра.
Тие ќе одговараат за фалсификување исправа.