Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уништена е eдна од новите канделабри поставена на излетничкото место Студена вода.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитиревски, кој го осуди вандалското однесување на поедници и побара граѓаните да го чуваат јавното добро.
- За жал повторно несовесни лица - вандали удрија по нашиот заеднички имот и продолжија со уништување на јавното добро, една од канделабрите за осветлување е целосно уништена. Го осудувам овој чин и барам од сите граѓани одговорно однесување кон јавниот имот и истиот да го чувствуваат како свој личен имот, - изјави Димитриевски, кој додаде дека канделабрата ќе се замени со нова.
Канделабрата била скршена ноќта откако било ставено во функција новото осветлување на викенд населбата "Студена вода" во с. Доброшане.
Проектот за изградба на излетничко место на Студена вода е во завршна фаза и Куманово ќе доби нова локација за прошетка на граѓаните во природата.