Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ноќеска имаше слаби врнежи од дожд, при што наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска постепено врнежите ќе се намалуваат, а утре се очекува благо покачување на температурите.
“Денеска температурите во Куманово ќе се движат околу 21 степен. За викендот се очекува нов бран на врнежи“ - вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.
Ноќеска најмногу дожд наврна во Западна Македонија. Во Маврово и Крушево наврнаа 48 литри на квадрат, Пожаране 38, Лазарополе 22, Тополчани 18, Скопје 11, Кавадарци 7 литри дожд, а другите градови се со многу помали количини на дожд.