Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во канцеларија на ДИК во Куманово, слаб е одзивот на граѓаните кои даваат подршка на независните кандидати кои сакаат да учествуваат на претседателските избори.
Досега за Стојанче Ангелов се потпишале 121 граѓанин, за Билјана Ванковска скоро 100, за Хисен Исмаили само 3, а за Илјаз Халими потписи се собираат од вчера и првите поддржувачи се потпишаа рано утрово, велат од канцеларијата.
Во недела на полноќ истекува рокот за собирање на 10.000 потписи за претседателска кандидатура.
Досега само професорот Зоран Поповски од ГРОМ успеја да ги собере потписите.