Следува продолжен викенд - понеделник, 2 мај неработен ден
28.04.2022 09:31
| KumanovoNews
Први мај - Денот на трудот (недела), односно 2 мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека тоа е согласно со Законот за празниците, бидејќи 1 Мај се паѓа во недела.
Министерството на сите граѓани на Македонија им го честита Денот на трудот.