Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прсти можат да се избројат слепите лица од Куманово кои се вработени.
Тие се образуваат во училишта во Скопје за работа со компјутер, во картонажа, физиотерапија, работа во кол- центар или печатница, но работа тешко наоѓаат.
Државата дава поволности за вработување на лице со инвалидност од 20 до 40 просечни плати, a работодавaчите се ослободени од придонеси. Но често има злоупотреби, па слепите лица седат дома и на крај ќе ги поделат парите. Имало случаи да работат луѓето и да не добијат плата или цела плата им се исплаќа на сметка, а потоа половина од парите враќаат во фирмата - вели Коце Витанов, секретар во Здружение на слепи Куманово.
Во здружението од североисточниот регион се регистрирани 167 лица со оштетување на видот од над 90 отсто.
Тие чекаат вработувања и се надеваат дека надлежните ќе се ангажираат за надминување на овој проблем.