Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Слика на стакло на Занаетчискиот дом во Куманово, на авторката Наташа Кузмановска од Скопје е избрана за сувенир на Општина Куманово за 2021 година.
На сувенирот е претставено уникатно архитектонско здание од минатиот век, заштитниот знак на градот - Занаетчиски дом и елементи од Градскиот плоштад со споменикот Батко Ѓорѓија и грбот на Куманово.
„Се заблагодарувам на авторката Кузмановска со која денеска потпишавме и договор за соработка во следниот период. Покрај тоа што ќе ја добие јубилејната награда во износ од 30 илјади денари, таа ќе има обврска да испорача и одреден број на сувенири на Општината коишто ние вообичаено ги врачуваме на гостите на градот во свечени прилики. Ги поттикнувам сите автори да продолжат да работат и да се пријавуваат на нашиот конкурс“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
На конкурсот учествувале четири автори со креативни решенија во кои биле содржани елементи на препознатливост на традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, но комисијата се одлучила за слика на стакло на Занаетчиски дом во Куманово.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk