×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слободни места во сите средни училишта во вториот уписен рок

    04.07.2014 07:56 | KumanovoNews

    Во сите средни училишта во Куманово останаа слободни места за упис на ученици во прва година.

    Слободни места во сите средни училишта во вториот уписен рок

    Во Гимназија “Гоце Делчев“ има 93 слободни места за македонски паралелки, плус 34 слободни места за запишување во српска паралелка.

    Во “Перо Наков“ за економски техничар има 35, за техничар за трговија и маркетинг 44, за деловен секретар 30, за банкарски техничар 16, за техничар за дизјан на облека 25, конфекциски техничар 32 и техничар за обувки 31 место.

    Во земјоделското училиште “Киро Бурназ“ има голем број на слободни места за сите образовни профили.

    Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ за машински техничар за компјутерско управување останаа 16 слободни места, за машинско енергетски техничар 22, електротехничар енергетичар 34, електротехничар за компјутерска техника и автоматика 33 и за медицински сестри 19 места.

    Вториот уписен рок е на 21 август и сите средни училишта критериумите за упис ќе ги намалат за 10 поени  од она што е предвидено во конкурсот.