Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Словенечко-македонскиот бизнис клуб и општина Куманово,организираа бизнис промоција на словенечко и македонско стопанство.Промоцијата на производите и услугите кои ги нудат членките на клубот се одржа на Градскиот плоштад.
На промоцијата учествуваа дваесетина фирми од Словенија и Македонија.најголем дел од словенечките фирми кои ги презентираа своите производи и услуги имаат претставништво во Македонија.Целта на оваа презентација, според Искра Јовановиќ,извршен директор на словенечко-македонскиот клуб е продлабочување на соработката помеѓу компаниите од двете држави и можност за инвестирање.
"Во клубот членуваат 130-тина фирми. Најголем дел од нив имаат претставништва во државите, но има и компании членки кои планираат допрва да отворат претставништва. Во клубот членуваат фирми од различни области"- вели Јовановиќ.
Зоран Павловсски од Секторот за локален економски развој на денешната промоција информира дека во Куманово има десетина компании кои имаат свои претставништва во Словенија. На промоцијата на членките од секторот , тој најави креирање на бизнис каталог на десет најдобри фирми во општината, избор на менаџер на годината, а се планира и здружување на занатечиите.
Денешниот бизнис ден имаше за цел продлабочување на можностите за соработка, комуникации, размена на искуства со посредство на македонско-словенечкиот клуб, кој пак е поддржан од словенечкото Министерство за економија.