×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Словенечкиот амбасадор донираше компјутери за Дневниот центар

    07.07.2015 12:17 | KumanovoNews

    Амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец денеска донираше пет компјутери за Дневниот центар за лица со посебни потреби кај Чик.

    Словенечкиот амбасадор донираше компјутери за Дневниот центар

    Раковец се надева дека компјутерите ќе им користат на корисниците на Дневниот центар.

    Се надевам дека компјутерите ќе ги подобрат можностите за развој на децата. Би сакал да нагласам дека ја цениме работата на учителите и затоа сме многу благодарни. Се надеваме дека ќе бидете задоволни со оваа донација. Нашата амбасада со задоволство секогаш учествува во таквите донации, се разбира во рамките на нашите реални можности - изјави амбасадорот.

    Ивица Благојевиќ, психолог во Дневниот центар се заблагодари за донацијата и посака успешна работа на амбасадата на Словенија во Македонија.

    Да посакам и понатаму да се дружиме, затоа што ние како Дневен центар и локална самоуправа и понатаму сме подготвени за дружење и соработка - рече Благојевиќ.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски кажа дека амбасадорот  е во работна посета на Куманово.

    Проектот го направи секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка, за донација на пет компјутерски системи, комплетно со монитори, што ќе овозможи едукција на возможно ниво за лицата со попреченост - рече Дамјановски.

    Дневниот центар за лица со посебни потреби има 26 корисници.