СНС: Власта злоупотребуваше државни пари за изборите
09.06.2011 13:12
| KumanovoNews
Српската напредна странка денеска на прес конференција се заблагодари на граѓаните што гласаа за опозиционата коалиција, нивната партија да стане дел од законодавниот дом.
Успехот е уште поголем, ако се има предвид дека владината 25 партиска коалиција силно ја злоупотребуваше позицијата на власта, претворајќи ја Македонија во едно големо градилиште. При тоа злоупотребувајќи ги јавните претрпијатија од републички карактер, а пред се злоупотребувајќи ги државните сретства- рече портпаролката Александра Петковска.
Од Српската напредна партија изборите ги оценуваат за нефер и недемократски, и сметаат дека тоа ќе се одрази за добивање на датумот за преговори и влез во ЕУ.

