Мени

Со 3,2 промили алкохол возел камион на „Трета МУБ“, полицијата го привела

08.05.2026 13:54 | KumanovoNews

Полицијата привела возач кој во алкохолизирана состојба управувал товарно возило на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.

Со 3,2 промили алкохол возел камион на „Трета МУБ“, полицијата го привела

„Во 16:10 часот, полициски службеници го привеле Д.Т. (34) од Куманово, бидејќи при контрола во патниот сообраќај сопреле товарно моторно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки. Притоа било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, соопшти СВР Куманово.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.