Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасна кумановка вчера е повредена на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово. Сообраќајката се случила околу 9.30 часот.
„Патничко моторно возило удрило во С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово", соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.