Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на дијабетичари Куманово, денеска за своите членови одржа предавање на тема “Шеќерна болест, правилна исхрана и физичка активност“.
На дијабетичарите лекарите им препорачаа да внесуваат здрава храна, овошје, зеленчук, риба, мешунки, да пијат 8 до 10 чаши вода дневно, да пешачат или да возат велосипед, за да се одржува нивото на шеќерот во дозволените граници.
“ Шеќерната болест е доживотна болест, третманот е доживотен. Луѓето треба да се запознаат со својата болест, за да можат да си помогнат, да имаат квалитетен и пријатен живот. Секојдневно треба да практикуваат здрава храна и физичка активност“ - изјави Емилија Тодоровска, интернист во Општа болница Куманово.
Од Здружението велат дека на секои три месеци организираат барем едно предавање за болните од дијабетес за да ги едицираат своите членови и да ги запознаат со новините.
Следното предавање ќе биде во мај и најверојатно ќе се однесува за компликации од шеќерна болест, дали се тоа очни или бубрежни болести. Ќе се трудиме секој квартал да има по едно предавање“ - реле Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
По теоретскиот дел, за присутните имаше акција за мерење на шеќер во крвта. На предавањето присуствуваа повозрасни граѓани кои долги години боледуваат од дијабетес.