Со „БМВ“ удрил пешак во Романовце и побегнал
08.05.2022 18:58
| Жаклина Цветковска
Патничко возило „БМВ“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешак во село Романовце, по што возачот наместо да застане и да пружи помош на повредениот, побегнал од местото на сообраќајната несреќа.

Притоа, С.С.(67) од село Романовце се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Настанот бил пријавен во СВР Куманово од чија страна е извршен увид на местото на несреќата.