×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со борови садници пошумена поранешната дива депонија во Долно Којнаре

    18.11.2022 13:58 | Оливера Пешевска

    Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ и граѓани засадија околу 1000 зимзелени садници, на местото кое до неодамна беше дива депонија во селото Долно Којнаре.  Надлежните се надеваат дека ова ќе биде место за прошетка и рекреација на жителите во овој дел на градот.  

          

    Со борови садници пошумена поранешната дива депонија во Долно Којнаре

    „Ова локација во с. Долно Којнаре пред 1 една година беше дива депонија. Заедно со приватни стопанственици успеавме да ја исчистиме, а во соработка со месното население започнавме со акција за масовно пошумување на зимзелен садник. За оваа година планирани се 1000 садници, а локацијата ќе ја пошумуваме и наредната година. Акциите се дел од програмата за долгорочно справување со аерозагадувањето и за чист воздух“,  изјави Даниел Стојчевски, директор на претпријатието.

    На местото се поставени и знаци за забрана на фрлање на отпад, а екипите на јавното претпријатие редовно го изнесуваат сметот.

     Од претпријатието посочуваат дека се пошумува во повеќе дело на градот, како во централното градско подрачје, така и на периферијата како што е случајот кај порнашената фабрика „Монопол“, кои претставуваат еден вид на заштита од издувните гасови од автопатот Куманово-Табановце.Претходно имаше акција за пошумување на Спомен Костурницата, а ваквите активности ќе продолжат и до крајот на годината доколку дозволат временските услови.