Со фалсификувана диплома се вработила вo училиште
07.11.2014 13:42
| KumanovoNews
Кумановка со лажно уверение за завршено високо образование се вработила како професорка во основно училиште во општина Липково.

Џ.Б.(28) од Куманово во 2011 година изготвила фалсификувано уверение за завршено високо образование по англиски јазик и литература на Филолошки факултет на Државниот универзитет во Тетово и со него се вработила. По проверка во евиденциите на факултетот е утврдено дека се работи за лажно уверение.
Џ.Б. ќе одговара за фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.