×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со флаери и Фејсбук против кражби и насилство

    18.07.2014 14:00 | KumanovoNews

    Претставници од општината Куманово и Одделението за превенција при СВР Куманово, на денешниот состанок се договорија со поголема едукација да ги заштитат граѓаните од кражби, насилство и небезбедност во сообраќајот.

    Со флаери и Фејсбук против кражби и насилство

    За таа цел ќе се отпечатат флаери кои ќе се поделат на граѓаните, а за младите ќе се изработат фан- страници на социјалните мрежи, преку кои ќе се презентираат мерките за нивна поголема заштита.

    Сите мораме да се вклучиме за да се заштитиме во летниот период кога е време на летни одмори. Само со заедничка акција и со превенција можеме да го сочуваме личниот имот и нашата безбедност. Полицијата неможе секогаш да биде на секое место затоа ни е потребна подршка од останатите служби- вели Виолета Богдановска, од Оделот за превенција при СВР Куманово.

    Таа повтори дека мета на крадците се пари, накит и техничка стока, па ги повика граѓаните да ги сокријат убаво или да ги чуваат во банка и сеф, и да не објавуваат кога ќе заминат на одмор.

    Многу често граѓаните сами се криви што се ограбени, бидејќи на социјалните мрежи ставаат информации дека не се дома. Тоа им ја олеснува работата на крадците, бидејќи тие и така се добро организирани и поседуваат софистицирана опрема за отварање на влезните врати- додаде Богдановска.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека проблемот со кражбите е загрижувачка и масовна појава во државата и затоа е потребно системско решавање на истата.

     Насилството со огнено оружје во последно време зема замав. Ако тоа порано тоа беше инцидентно, сега стана секојдневие и рутина за крадците. Ова е сериозна тема за која треба да учествуваат сите релевантни фактори во државата и да се дејствува во повеќе насоки за да дојде до подобрување на состојбата. Сите на некој начин сме жртви на насилниците, тие не не бираат по социјалниот статус, туку кога имаат потреба за пари кршат, влегуваат и прават беља. Треба да се работи не само со жртвите, туку и со оние кои се од другата страна на законот. Само со брза и ефикасна интервенција на органите на прогонот и ригорозна политика може да се намали оваа појава- смета Дамјановски.   

    Со почетокот на учебната година претсавниците од локалниот совет за превенција ќе донесат програми со кои институционално ќе се работи на едукација на младата популација за спречување на малолетничка деликвенција.