×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со мало задоцнување започна екстерното тестирање

    02.06.2015 08:40 | KumanovoNews

    Започна екстерното тестирање во кумановските основни и средни училишта, при што во некои од нив поради немање интернет тестирањето доцнеше.

    Со мало задоцнување започна екстерното тестирање

    Денеска се тестираат учениците почнувајќи од четврто одделение, па се до трета година средно образование.

    “Кога требавме да започнеме се случи да немаме интернет. Што е најинтересно, никаде во зградата нема интернет, па не можеме рачно да ги преземеме тестовите. Ќе видиме како ќе се организираме. Најверојатно ќе мора некој од дома да оди, да ги преземе тестовите, но рачно да се ставаат од компјутер на компјутер тестовите тоа ќе потрае. Денеска имаме 249 ученика за тестирање“ - изјави Милена Стефановска, администратор во “Браќа Миладиновци“.

    И во Гимназијата “Гоце Делчев“ поради технички проблеми, екстерното тестирање почна подоцна. Во ова училиште ќе се тестираат 264 ученици.

    “Поради проблеми со интернетот почнавме малку подоцна. Учениците имаат 60 минути за да одговорат на 30 прашања. По завршувањето на тестирањето ќе ја знаеме точната бројка на отсутни ученици“ - рече Горан Димитријевиќ, директор на Гимназија “Гоце Делчев“.

    Од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ објаснуваат дека кај нив екстерното тестирање почнало навреме и се тече нормално.

    “Почнавме во 9.30 часот и вториот термин е во 11 часот. Се тестираат денеска 182 ученици. Засега се се одвива добро, нема проблеми и се надеваме дека така ќе биде и во текот на денот“ - вели Весна Трајковска, директорка на “Киро Бурназ“.

    Екстерната проверка на постигнувањата на учениците и проверка на објективноста на оценувањето на наставниците, ќе се реализира во периодот од втори до десетти јуни.