×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со парите за новогодишно украсување и огномет Општината ќе купи таблети на учениците

    10.11.2020 10:12 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе купи таблети и друга електронска опрема за учениците од ранливите семејства, со парите коишто се предвидени за новогодишно украсување на градот и правење на огномет.

    Со парите за новогодишно украсување и огномет Општината ќе купи таблети на учениците

    За истата намена ќе бидат потрошени и средставата кои се предвидени за организирање на концерт на градкиот плоштад по повод денот на ослободување на Куманово -11 Ноември, а нема да се одржи поради ковидкризата. Општината минатите години трошеше околу 10.000 евра за ангажирање на регионални пејачи за концерото на плоштадот, а за украсувањето на градот 20.000 евра.

    - Оваа година решивме средствата кои се предвидени за организација на концертот, исто така и средства за новогодишното украсување и огноментот да ги преманениме. Дадов веќе предлог со ребалансот на буџетот до Советот овие средства да се пренаменат за обезбедување и набавка на таблети и друга електронска опрема, којашто ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина, - изјави Димитриевски.

    Куманово годинава ќе има скромна прослава по повод 76- годишнината од Денот на ослободувањето и 501 година од постоење на градот.