Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Метија Мемеди (74) од Куманово, претпладнево е претепана од непознато лице во нејзината куќа на улицата „Иво Лола Рибар„ во центарот на Куманово. Нападот се случил околу 9 часот, додека жената била сама во собата на приземјето на куќата, а нејзиниот сопруг работел на таванот.
на Јас бев во кујната кога тој влезе на врата и со рака ми ја покри устата и очите. Ме фрли на креветот и со псовки ми викаше да му дадам пари, или ќе ме убие. Ме удираше со тупаници по лицето и главата. Имаше пиштол во рацете и кога му се спротивставив се скрши и дел од него и видов дека е од пластика. Јас почнав да барам помош и се онесвестив, по што тој побегнал- раскажува потресено Метија.
Од ударите Метија се здобила со повреди по главата и телото, а скршени и се забите. Насилникот бил млад човек, облечен во бела облека и немал маска на лицето.
Се се случи за неколку минути. Кога слушнав врисок, прво помислив дека некои деца викаат. Не ни претпоствив дека некој може да ја нападне во сред бел ден.Кога се симнав,целата беше во крв и разбојникот веќе го немаше - вели сопругот Абаз Мемеди.
Соседите на Мемеди кажуваат дека кога жената излегла на улица да побара помош, прво тврдела дека напаѓачот и го убил сопругот. Избезумена и облеана во крв барала на него да му помогнат. Тоа предизвикала дополнителна паника и страв кај присутните , кои веднаш повикале полиција и брза помош.
Метија била префрлена во Ургентниот центар и по санирање на повредите пуштена е дома. Таа и сопругот пред 2 години се вратиле од Италија, и напаѓачот најверојатно знаел дека живеат сами, а претпоставувал дека имаат пари.
Полицијата има осомничени меѓу локалните нарко зависници и трага по разбојникот. При тоа ги предупредува граѓаните да внимаваат, кога непознати лица им доаѓаат на врата.
Ова е втор случај за само 20 дена во Куманово да се напаѓаат луѓе во нивните домови. На почетокот на месецот од крадци на куќниот праг беше убиен трговецот Горан Трајановски во населбата Зелен рид.