×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со премиерата „Како што сакате“ на Театар Куманово утре се затвораат Денови на комедија

    07.10.2024 11:08 | Оливера Пешевска

    Премиерата „Како што сакате“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, утревечер завршува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ за 2024 година. Театар Куманово, секоја година традиционално ја игра последната претстава на фестивалот.

    Со премиерата „Како што сакате“ на Театар Куманово утре се затвораат Денови на комедија

    Претставата „Како што сакате“ е работена  според дело на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, но во изменета форма, по визија и идеја на режисерот.

    „Адаптацијата е на Срѓан Јаниќијевиќ, драматургијата на Симона Тоскиќ, но во голема мера е задржан оригиналот на Шекспир. Секако дека уметничката слобода и идеите на авторот се видливи во ова продукција, но се надеваме дека ќе наиде на прием и разбирање кај публиката. Претставата ќе се игра два пати- со премиерата во вторник го затвораме фестивалот, на репризата ќе бидат доделени наградите на фестивалот“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Асистент на режијата е кумановецот Ивица Димитријевиќ, а во неа настапуваат Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски. Сценографијата е на Марија Ветеровка, која е авторка и на плакатот, а костимографијата на Лидија Георгиева.

    „Како што сакате“ е единаесета претстава на овогодинешново издание на фестивалот, а веќе се распродадени двете изведби. Според праксата таа и подоцна ќе се изведува на големата сцена на Центарот за култура Трајко Прокопиев, па сите заинетерсирани кумановци ќе имаат можност да ја изгледаат.

    Во изминатите две недели во најголема мера салата во Центарот на култура беше преполна со публика, но заедничка оценка е дека оние претстави од кои најмногу се очекуваше и секогаш се бара билет повеќе потфрлија. Преставите од македонските театарски куќи оставија позитивен впечаток на публиката.

    „Македонците го обелија образот на фестивалот, секоја година имаат се подобра понуда. Потфрлија српските претстави, особено Нишката“, коментира нашата сограѓанка Д.А. која ги изгледала речиси сите претстави.

    За денеска, 7 октомври со почеток во 18 часот студентите на Факултетот за драмски уметности Скопје ќе ја одиграат „Сека случка за научка“ во вонфестивалската програма. Станува збор за студенти од класата на професорот Ангелчо Илиевски. Настапуваат Ангела Атанасовска, Дамјан Атовски, Давид Димовски, Марија Јанчевска, Теона Крстеска, Милан Петровски, Вера Тошевска Анастасија Трајковска, Ангела Цветковска. Влезот е слободен за сите заинтересирани.

    Во рамките на фестивалот, вон официјалната програма се одиграа и две претстави на студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје, насловени како „Просидба“ и  „Јубилеј“.