Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од неколку средни училишта од Битола, денеска во Центарот за култура Трајко Прокопиев, ја изведоа претставата “Таа беше посебна“, која се реализира како дел од проектот за превенција од дрога, што го реализира СВР Куманово и СВР Битола.
Преку претставата младите им порачуваат на своите врсници од Куманово да се држат настрана од дрогата.
Мене не ми е ова прва претстава, сум учествувала и претходно. Мило што ми е што учествувам и се надевам дека правилната порака ќе допре до учениците. Ние треба да покажеме колку е лош порокот на денешницата, дрогата - изјави Ана Жежовска, ученичка од Гимназија “Јосип Броз Тито“ од Битола.
Од секторот за превенција во Битола велат дека една година работат на проект “Полицијата твој пријател“ со ОБСЕ и други партнери и во тој период работеле на претставата.
Театарската претстава е со име “Таа беше посебна“, која што се однесува на превенција од дрога и во која учествуваат ученици од средно и основно образование. Целта е да се подигне свеста од опасноста од дрога. Оддржани се три претстави во Битола, една во Охрид и сега во Куманово. Голема благодарност до СВР Куманово за соработката - рече Магдалена Димитровска од секторот за превенција во СВР Битола.
Виолета Богдановска, раководител на секторот за превенција во СВР Куманово објаснува дека нашите ученици ќе подготват претстава за семејно насилство во рамки на проектот “Безбедни училишта“.
Ќе направат претстава за семејно насилство и последици од него. Повикани овдека се ученици од седмо и осмо одделение од основни училишта и од средните. Тоа е таа возраст на која можат децата да ја разберат пораката - вели Богдановска.
Учениците од Битола од септември ќе ја играат претставата и во други градови низ Македонија.