×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со проект за индустриската зона Речица Куманово ќе аплицира на владиниот повик за инвестиции во општините

    10.09.2024 09:33 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе аплицира со проект за инфраструктурно уредување на индустриската зона во Речица на владиниот јавен повик за инвестиции во локалните самоуправи.

    Со проект за индустриската зона Речица Куманово ќе аплицира на владиниот повик за инвестиции во општините

    Вредноста на инвестицијата не е прецизирана, таа дополнително ќе се договори со координативното тело, кое ќе ги разгледува предлозите.

    „Аплицираме за целосно инфраструктурно и комунално уредување на индустриската зона во Речица, каде веќе има неколку производствени капацитети, а вложува и германската трговска компанија Лидл. Не е прецизирана потребната сума за еден таков проект, тоа ќе се утврди дополнително, преку работни средби со владиното координативно тело“, истакна Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за комунални работи.

    Владата го објави јавниот повик за општините кои можат да аплицираат со проекти во инфраструктурата за што се издоени 100 милиони евра од државниот буџет. Повикот е отворен до 22 септември, по што ќе следи постапката за избор на проекти.

    Ова е прв ваков повик, а вкупно се планирани 250 милиони евра за развој и подобрување на условите во локалните самоуправи.

    „Општините може да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието“, истакна Златко Перински, министер за локална самоуправа.

    За следење на процесот формирано е владино координативно тело.

    Општина Куманово и предходно најави дека дел од парите од 5 милиона евра кои беа добиени од продажбата на земјиштето на германската компанија Лидл ќе бидат инвестирани во изградба на инфраструктура во зоната. Нема информации дали тоа е реализирано.