×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со “Просидба“ ќе се одбележи Светскиот ден на театарот

    27.03.2014 11:12 | KumanovoNews

    Со изведба на претставата “Просидба“ од Чехов, во режија на Кети Дончевска Илиќ во кумановскиот театар вечерва ќе биде одбележан Светскиот ден на театарот.

    Со “Просидба“ ќе се одбележи Светскиот ден на театарот

    Претходно, актерката Сања Русевска ќе прочита пораки за театарот од Бред Бејли и од Ѕвездана Ангеловска. Влезот ќе биде слободен и посетителите ќе уживаат во претставата во која играат Стефанија Зисовска, Давид Илиќ и Горан Илиќ.

    Ние сметавме дека “Просидба“ не е доволно играна и затоа ја вративме на репертоарот на кумановскиот театар. Имаше голем одзив, уште ја бараат оваа престава и затоа одлучивме да биде презентирана вечерва на малата сцена кој што ја отворивме неодамна. Таа мала сцена стана многу актуелна во последно време и мислам дека е многу добро што почнавме да прикажуваме претстави на малата сцена. На големата сцена продолжуваме од април па натаму - вели Симона Тоскиќ, драматург и продуцент во театар Куманово.

    Претставата “Просидба“ почнува во 20 часот.