×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со свечена академија Сојузот на борците ја одбележа годишнината од загинувањето на Карпош

    07.02.2024 15:29 | Теодора Стоевска

    На 80-годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски – Карпош, денеска во организација на  Сојузот на борци од Куманово се одржа свечена академија.

    Со свечена академија Сојузот на борците ја одбележа годишнината од загинувањето на Карпош

    На академијата присуствуваа гости од здружението на пензионери Куманово, директори на основни и средни училишта, претставници од политички партии, општински невладини здруженија, но и гости од Пробиштип, Радовиш, Прилеп и соседна Србија 

    На присутните се обрати претседателот на Сојузот на борци, Цоки Ристовски кој зборуваше за животот и делото на Карпош.

    „Денеска им се поклонуваме на храбрите и млади луѓе кои имаа визија да застанат на вистинската страна на историјата. Тие со силен порив и волја застанаа против фашистичките окупаторски војски за да го поддржат државотворното дело на сите претходни генерации кои сонуваа за самостојна македонска држава. Епопејата на македонскиот народ започнува со историската одлука да се биде дел од антифашистичкиот сојуз на прогресивните држави во Втората светска војна. Со овој чин македонскиот народ и македонските граѓани станаа дел од големата Антихитлеровската коалиција со што се бореа и се изборија за посакуваната слобода“, истакна Ристевски.

    Тој порача дека целата антифашистичка генерација е инспирација за сите наредни генерации кои имаат обврска да ги сочуваат придобивките од НОВ, да ги одбележуваат младите луѓе кои го дадоа својот живот за македонската слобода и да ги пренесуваат на помладите генерации.

    Почит на делото на Карпош му оддадоа и ученици од основното училиште кое го носи неговото име „Христијан Тодоровски Карпош“ и други присутни.

    Претходно пред спомен куќата на Карпош беше положено свежо цвеќе.