×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со танцување младите се вклучија во Балканска акција 2015

    23.09.2015 12:18 | KumanovoNews

    Деца и младинци денеска танцуваа на Градскиот плоштад со што се вклучија во Балканска акција 2015.

    Со танцување младите се вклучија во Балканска акција 2015

    Организатор на флеш моб танцот е Центарот за меѓукултурен дијалог, а  целта е младите да се активираат во носењето на одлуки, да се создаде критична маса,  да се укаже на  сиромаштијата, борбата со нееднаквоста и климатските промени.

    Ми претставува особена чест што младите од Куманово ги имаме во толку голем број. Проектот го работиме за креирање на една критична маса за развој на проектот во целина. Утре Генералното собрание на Обединетите нации ја усвојува агендата за одржлив развој за периодот од 2015 до 2030 година. Круцијално е да ја подигнеме свеста на луѓето и да повикаме на поголема инклузија на младите во донесување на одлуки затоа што нивното учество е императив како треба да се гради едно општество - изјави Тамара Лазаревска, асистент на проект.

    Проектот ЦИД го реализира со партнерите Центар за истражување од Србија и  Бијонд бариерс од Албанија. Настанот го организираа ученици од “Наце Буѓони“, Гимназија “Гоце Делчев“, балетско студио “Мак“, волонери и други.