Со вонредна инспекциска контрола ќе се бараат загадувачите на Кумановка

04.09.2021 12:03 | Сузана Николиќ

Државен инспекторат за животна средина во Општина Куманово, во неделата извршил увид во река Кумановка, при што било констатирано дека има расфрлан отпад во коритото на реката.

Со вонредна инспекциска контрола ќе се бараат загадувачите на Кумановка

„Согласно законските надлежности ќе биде известен Инспекторатот при Општина Куманово за постапување во врска со расчистување на отпадот во самиот водотек и вршење вонредни инспекциски надзори над правни субјекти:автоперални, работилници, кои гравитираат околу реката, а се во надлежност на Општината Куманово“, соопштуваат од Државниот инспекторат.

Од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово, велат дека до нив е пристигнат допис за инспекциска контрола, согласно Уредбата за дејности и активности, за кои е потребно одобрување - елаборат за животна средина, односно Б дозвола, согласно Законот за животна средина. 

„Ние ќе излеземе на терен и ќе извршиме вонреден увид, доколку се утврдат неправилности кај одредени птравни субејкти ќе се превземат постоечките законски мерки“, велат од Инспекторатот во Општина Куманово.

Реката Кумановска со години наназад е претрпана со смет затоа што жителите од околните населби и фирмите покрај реката го фрлаат ѓубрето во речното корито. Со нивиот Закон за отпад фрлањето ѓубре на недозволени површини граѓаните ќе се казни 150 евра, а палењето 200 евра.  

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk