Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Голем одѕив на крводарителска акција на рибарското друштво „Мак-Дам„ од Куманово. Собрани се над 145 единици крв на јубилејната традиционалната акција која 10-ти пат, се органиѕира на почетокот на годината.
Акцијата се одвива во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, која на национално ниво од почетокот на годината има спроведено над 50 акции, во просек по две дневно во различни градови.
„Нема недостаток на крвни единици, оние поретките и негативните крвни групи се секогаш на граница на дефицит, но залихата ги задоволува потребите. Се поголема е свеста и одговорноста кај населението, па минатата 2023 година имаме 3-4 илјади повеќе дарувања од претходната година и достигнавме бројка од 58 илјада собрани крвни едници.Во 2022 имавме некаде околу 54-55 илјади. Тоа е нагорен тренд кој се надеваме дека ќе продолжи и понатаму“, истакна д-р Милан Поповски, од ИТМ од Скопје.
Меѓу присутните имаше и средношколци, но и повозрасни граѓани, а како куриозитет се издвојува што повеќе жени се одѕиваат на повикот на рибарското друштво. Меѓу другите имаше и долгогодишни редовни дарители на крв.
„Редовно дарувам крв по два пати годишно, ова ми е 31-во дарување. Бенефитот за организмот е голем, се прочистува крвта и се регенерираат ткивата. Јас се чуствувам драстично подобро по давање на крв и ќе продолжам и понатаму. Во средното училиште имам дадено 8 пати, во војска 2 пати“, истакна Далибор Јаневски од Куманово.
Членовите на рибарското здружение „Мак- Дам“ имаа подготвено рибја чорба за сите кои сакаа да се окрепат по дарувањето. Направена е од нивен улов, со нивни раце од свежи и здрави намирници, потенцираш претседателот на друштвото Марјан Вељановски.