Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалниот центар за одржлив развој од Кратово ја презентираше публикацијата "Транспарентни општини-задоволни граѓани"во која се објавени резултати од шест месечен мониторинг на работата локалните самоуправи.
Во истражувањето се опфатени општите капацитети на локалната самоуправа, отчетност и одговорност во работењето на Советот на општините, секторите за финансии, урбанизам и јавните набавки.
„Како предност во работењето на општината Куманово е посочено доброто менаџирање со имотот, одличното располагање со финансиски средства, а прибирањето на даноците е на особено високо ниво. Особено е позитивно и отвореното и транспарентното работење на Советот, бидејќи седниците се пренесуваат на медиумите, а одлуките се објавуваат на веб страната на општината"- вели Борјанчо Мицевски од Центарот за одржлив развој.
Истражувањето е вршено во самите локални самоуправи, но биле вклучени и невладини организации и граѓаните. Мислењата на институциите и граѓаните во голема мера се разликувале, што се смета за недостаток кој мора во наредниот период да се надмине.
"Генерален впечаток што го имаме од реализирањето на проектот е дека во општините имаат слабости во работењето на секторите за урбанизам, конкретно предолгата процедура при поднесување на документи од областа на урбанизмот. Додека се реализираше набљудувањето, општина Куманово немаше официјална веб страна, а сега тој проблем е надминат и страната е богата со корисни информации за граѓаните "- додава Мицевски.
Примарна цел на проектот е да да се исполнат критериумите на ЕУ за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста во работата на институциите на локално ниво.
Проектот „Следење на доброто во процесот на добро владеење„ се реализирал во периодот од септемви 2010 до февруари 2011 година, со финансиска подршка на Амбасадата на кралството Норвешка. Во проектот се вклучени општините Куманово,Крива Паланка,Кратово,Кочани и Делчево.