Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сојузот на борци Куманово во петок 12 јануари ќе ја одбележи битката на Пелинце, во која загинале партизаните Ангел Лазаревски- Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи.
На 80-годишнината од битката од Сојузот на борците ги повикува заинтересираните граѓани да се приклучат кон одбележувањето на овој значаен датум.
„Сакам да ги повикам нашите сограѓани на 12 јануари, петок традиционално да го посетиме спомен обележјето во село Пелинце, каде во борба од младинскиот вод на кумановскиот одред се загинати Ангел Лазаревски- Шајче и Трифун Ангеловски- Летеќи. Упатувам повик до кумановци да дојдат, заеднички да го одбележиме значајаниот датум , со посебна почит и пиетет да положиме свежо цвеќе на спомен обележјето“, истакна Зора Ивановска, член на претседателството на Сојузот на борците.
Воедно напоменува дека во просториите на Сојузот на борците во т.н. Комитет сите заинтересирани можат да се пријават во среда и четврток од 10 до 12 часот, за да се знае точната бројка за организиран превоз.