×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори

    20.02.2024 16:54 | Оливера Пешевска

    Започна реконструкцијата на внатрешниот простор на спортската сала Соколана.

    Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори

    Во тек се активности за зајакнување на столбовите, по што ќе се премине на замена на кровната конструкција и фасадата. Градежните работи се одвиваат под контрола на стручни лица.

    „Се работи интензивно, се зајакнуваат внатрешните столбови, а реконструкција на кровот предвидува скоро целосна замена. Се работи строго по препораки и насоки на експерети од Националниот конзерваторски центар, затоа што тоа е споменик на културата. Сепак се чекаат подобри временски услови и поубаво време за работа на екстериерот, иако и внатре е многу студено“,  изјави претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

    За реконструкција на кровот се обезбедени 12 милиони денари, а за другите две фази ќе се предвидат по завршување на изборниот процес.

    Изведувачот планира проектот да го заврши до септември годинава. Ѓорѓиевска е малку скептична што се однесува на крајниот рок, затоа што постојано излегуваа непредвидени работи на конструкцијата.

    „Би била пресреќна доколку се се заврши до крајот на годината. Има реални шанси, но оставам простор за непредвидени ситуации“, потенцира Ѓорѓиевска.
     
    Истовремено продолжува и средувањето на околината на комплексот- поставена е нова тартан подлога на новоизградениот спортски терен во партерниот дел, веќе се работи на разеленување на паркот, се средуваат тротоарите на улицата „Тонко Димков“, планирана е и средување на паркинг просторот кај самиот објект.

    Реконструкцијата на Соколана започна кон крајот на октомври минатата година. Во првата фаза од реконструкцијата беше предвидено зајакнување на статиката на објектот и санација на кровот, а вкупната проектирана сума изнесува 130 илјади евра.

    Во втората фаза ќе се работи на фасадата и замена на столаријата. Во третата фаза е целосно завршување од внатрешноста на објектот и негова адаптација за истите содржини за кои е изградена. Последно е партерното уредување на дворот. 

    Реконструкцијата на објектот следува откако Министерството за транспорт и врски издаде ја дозволата за градба, а Конзерваторскиот центар даде позитивно мислење дека на објектот може да се работи.

    Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да ѝ се врати некогашниот сјај.