Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сопственик на продажен објект од Куманово бил измамен од едно лице за 2.900 денари.
Како што соопшти кумановската полиција, завчера во 16:50 часот кај нив дошол 53-годишен маж, сопственик на продажен објект во Куманово и пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.900 денари.
Според неговото кажување, лицето му побарало да му подготви неколку кутии со прехранбени производи и откако пријавителот почнал да ги подготвува лицето му побарало пари за наводно да го плати карго превозот, но не се вратило, се наведува во соопштението на полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.