×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Соработката на локалната и централна власт услов за превенција на секаков вид на екстремизам, сметаат Димитриевски и Таравари

    13.06.2023 14:21 | Оливера Пешевска

    Градоначалници, претставници на локалната и централната власт и невладини организации од Куманово, Прилеп, Гостивар, Тетово, Струмица и Кисела Вода учествуваат на работилница „Превенција и заштита на општеството од насилниот екстремизам и сите видови на радикалното однесување“.

    Соработката на локалната и централна власт услов за превенција на секаков вид на екстремизам, сметаат Димитриевски и Таравари

    Настанот се одржува под покровителство и организација на Мрежата на силни градови во партнерство со Општина Куманово. Куманово учествува на овој проект повеќе години и има изградено локален тим во заедницата кој работи на овие теми.

    „Факт е дека треба да ги засилуваме нашите капацитети, последниот случај во соседна Србија потврдува дека уште сме далеку од целосна превенција на општеството од вакви несакани појави. Евидентно е дека постои булинг во училиштата, ќе мора да се превенира а за сето тоа ќе мора да се има многу повиско ниво на интер-операбилност и заемна соработка на институциите на локалната и централната власт. Еден од главните заклучоци всушност се тие суштински и системски пропусти, финансирањето на единиците на локалните самоуправи за да може да ги изгради дополнителните капацитети професионалците да можат да се занимаваат со овие проблеми“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Ставот на учесниците на работилницата е дека практично локалната и централната власт ако се од различни партии има комплетна декоординација, со никакви заеднички активности.

    „Одредени кругови работат на тоа да ги девалвираат локалните институции. Затоа единствен начин за изнаоѓање на решение за вакви проблеми е да седнеме заедно, да го ресетираме системот кој можел да функционира пред 40 години, а сега не. Тогаш имаше и месни заедници кои функционираа, па потоа градоначалникот беше авторитет и за судиите и за обвинителите и за полицијата на локално ниво, а потоа доаѓаше централната власт кој беше практично непозната за обичниот граѓанин. Затоа што градоначалникот и месните заедници најдобро ги знаат проблемите и тенденциите ако има негативни движења во општество, без разлика дали се работи за населбите, селата или градот. Инсистирав дека е неопходно што побргу да се децентрализира општеството“, истакна Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

    Ваквите проблеми ги тангираат сите општини посебно оние кои се мултинационални, мултиетнички и мултиконфесионални. Проблеми кои се држат под тепих и за кои не се зборува се омразата, поларизацијата во општеството и терористички можности кои се резултат на екстремизам.

    Говорниците посоечија дека проблемот со екстремизмот и тероризмот не е ексклузивитет само на Македонија, туку тоа прашање ја тангира целата светска заедница. Во моментот не постои само проблем на исламскиот и верскиот екстремизам, туку во подем е и десничарскиот и левичарскиот екстремизам. Дополнително онлајн радикализацијата е посебна тема и Националниот совет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам има посебно поглавје токму на таа тема.

    „Дигитализацијата со силно темпо се движи напред, едноставно мораме да изнајдеме механизми за спречување на онлајн радикализација. Преку граѓанското општество и невладиниот сектор направивме одредена едукација и на професорскиот кадар и на учениците - како да се превенираат содржините кои се постираат на социјалните мрежи и медиуми, а одат кон тоа да ги потенцираат етничките и верските разлики и да потенцираат различни вида на насилство“, потенцираше Златко Апостолоски, национален координатор.

    Организаторите на трибината, Мрежата на силни градови е независна глобална мрежа од над 175 градови, посветена на справувањето кон сите форми на омраза, екстремизми поларизација, истовремено промовирајќи превентивна рамка заснована на човекови права.