×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците бараат отстранување на нелегалните тезги околу пазарите

    13.11.2013 11:18 | KumanovoNews

    На денешната седница на Советот беше изгласан извештајот за работа на ЈП „Пазаришта„, откако советниците побараа од менаџерскиот тим  да се отстранат дивите тезги и препродавачите околу пазарите.

    Советниците бараат отстранување на нелегалните тезги околу пазарите

    Директорот Илир Саити истакна дека со истиот проблем се соочуваат сите пазари во државата и најави дека заедно со сите надлежни институции дека ќе работат на искоренување на навиката на поедници да се узурпираат јавниот простор.

    Тоа е голем проблем на фирмата и најголемата болка на претпријатието.Проблемот не е лесен и ќе треба многу време, упорност и помош од сите надлежни институции да се реши. Јас имам постојан контакт со Државниот инспекторат, Министреството за економија и градоначалникот и сите локални институции и ќе работиме да го решиме проблемот  што побрзо.- изјави директорот Саити.

    На Пазарот има закупено 600 тезги на двата пазари, а цената на закуп се движи од 350 до 600 евра на годишно ниво, во зависност што се продава. Директорот вели дека има тезги за сите оние кои се заинтересирани да работата на пазарот.