×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците го изгласаа буџетот на Општина Куманово за 2024 година

    28.12.2023 09:11 | Оливера Пешевска

    Со 25 гласа „за“,  едногласно беше донесен буџетот на Општина Куманово за 2024 година, вреден 2 милијарди и 169 милиони денари, најголем во изминатите 30 години.

    Советниците го изгласаа буџетот на Општина Куманово за 2024 година

    Во расправата за донесување на буџетот учествуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој кажа дека општината се наоаѓа во стабилна финансиска состојба и може да си дозволи ваков буџет.

    „Сметката на Општина Куманово се наоѓа во сериозно стабилна состојба, без оглед на тоа што имаме финасиска обврска од еден милион евра за враќање на кредит-долгорочно задолжување за механизација за јавните претпријатија. Планирани се капитални инвестиции во урбани, рурално-урбани и рурални средини од сите аспекти- улици, подземна и надземна инфраструктура, водоводна и канализациона мрежа и многу битно во една тешка социо економска година голем број на социјални трансфери, како и финасирање на спорт, спортски активности, програмите на јавните претпријатија за делегенирани надлежности, како и програмата за културни манифестации затоа што ни доаѓа јубилеј од 505 години на Куманово“, потенцираше Димитриевски.

    Во развојната програма се пренесуваат и дел од проектите од 2023, а се планираат нови за 2024 година. Изградба на улици, патишта и кружни токови како нови ставки стојат ул. Индустриска со 10 милиони ден, улиците 601, 607 и 610 на опфат на Проевце со 9,5 милиони денари, потоа ул. 706 во Гладно поље со 3 милиони денари, ул. „Козјачка“ со 12 крака со 25 милиони денари, ул. „Младен Стојановиќ“ со 5 милиони денари, кружен ток на „Доне Божинов“ со 17 милиони денари, улици во Средорек со 1 милион денари, тротоари во Бедиње со 3 милион денари. Се додаваат оние недовршени од 2023, а со ребаланс се префрлаат средствата тоа се 208 и Козјачка, Градскиот плоштад со 47 милион денари и улиците 111 и 112 во н Карпош и булеварот 3 МУБ од ул. „Страшко Симонов“ до ул. „Тоде Мендол“.

    За гасификација на градот се издвоени 25 милиони денари. За канализациони проекти како нова ставка е канализациска мрежа во Горно Којнаре, а се пренесува довод на фекална канализација во Лопате, кој ќе чини  3,3 мил.денари. Во интервенции на водоводна мрежа ги има само недовршените проекти од тековната година, тоа се ул. „Никола Тесла“ каде се вложуваат 4,5 мил. денари и „Борис Кидрич“ со 3,5 милиони денари.

    „Во ставката за капитални инвестиции нови ставки се довршување на спортската сала 70 милиони денари, 15 милиони за изградба на спортски игралишта и детски катчиња, додека за довршување на Градскиот парк ќе издвоиме 10 милиони денари. Довршувањето на основнот училиште во с. Пчиња е со проектирана вредност од 8 милиони денари. Во средства за експропријација се предвидени 12 милиони денари, но се додаваат и средства за изградба на фотоволтаици на ЈП „Пазариште“, како и довршување на фотоволтаици и тополотни пумпи на затворениот базен. Планирано е и довршување на започнати проекти Соколана“, кажа Ирена Илиевска, раководител на Секторот финасии.

    Општина Куманово оствари приход од 240 милиони денари од продажба на земјиште на Лидл, од кои 80 милиони се ставени во ребаланс на буџетот во ноември, останатите средства се пренесуваат во наредната година. До крајот на јануари финсискиот сектор ќе излезе со ребаланс затоа што општината има средства од сопствени приходи кои ќе ги собере до крајот на 2023, но и се надминува лимитот на пренесено салдо.

    Советникот Миле Андоновски забележа дека многу мал процент од буџетот е развоен и се одвоени средства за изградба на нова инфраструктура.

    „За гасификација 5 мил. денари, за водоводна инфраструктура 7 мил. денари, во канализациона мрежа помалку од 8 милиони, значи вкупно 20 милиони денари за развој, а над 100 мил за санација на улици и плоштадот“, кажа Андоновски.
      
    Советникот Благојче Јаќимовиќ, забележа дека нема одвоено средства за изградба на атмосферска канализација и за проекти во централното градско подрачје, туку главно во приградските населби.

    Советничката Елена Божиновска, смета дека буџетот е граѓански и во него се вметнати потребите на граѓаните и покрај тоа што немало јавна расправа за трошењето на граѓанските пари.
     
    Во општинскиот буџет се предвидени средства и за програмите на културни и спортски манифестации, мерките за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош, програмата за развој на социјалната заштита и субвенционирање на линиски превоз на патници до 30 јуни 2024 година.