Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Незадоволни од резултатите во работењето, а пред се од успехот на учениците во земјоделското училиште „Киро Бурназ„, дел од советници на власта денеска го искритикуваа работењето на директорот Горан Јовановиќ.
На денешната седница на Совет, додека се разгледуваше извештајот за работа на училиштето, советниците вината за лошото работење ја лоцираа кај директорот.
За сите успеси на училиштето сме заслужни сите, а за сите неуспеси сум виновен јас. Кое друго стручно училиште е во регистарот на образовни институции за возрасни? Имаме слаби оценки, но во многу работи сме напред. Само проектот со Норвешка има внесено 400.000 евра. Многу е лесно да се оцрни некој. Градоначалникот да го смени директорот, затоа се прави ова - кажа Јовановиќ.
Советничката од ВМРО - ДПМНЕ, Валентина Јовановска смета дека директорот не може да носи вина затоа што учениците не учат.
Не може некој да биде виновен за неучењето на учениците. Во мојот клас ако не учат доволно, директорот ли ќе биде виновен? Се повикува родителот, се разговара со класен раководител - вели Јовановска.
Советниците имаа забелешка и на финансиското работење на установата, откако професорка пријавила во Државниот просветен инспекторат дека Јовановиќ плаќа адвокат за приватен спор со пари од училиштето.
Директорот беше категоричен дека неправилности не се најдени и дека општинските ревизори не се однесувале согласно процедурите.
Советниците го изгласаа извештајот, но и заклучок согласно кој градоначалникот треба да ги испита наводните неправилности во финансиското работење и слабите резултати на “Киро Бурназ“.
Јовановиќ се најде во немилост и на удар на локалната власт откако на изборите даде подршка на Виктор Цветковски.