×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците на вонредна седница расправаа за безбедноста

    09.05.2015 16:26 | KumanovoNews

    Советниците од Советот на општина Куманово на вонредна седница денеска расправаа за безбедносната состојба во Куманово.

    Советниците на вонредна седница расправаа за безбедноста

    При тоа беа усвоени заклучоци со кои се изразува сочувство до семејствата на загинатите, се повикуваат надлежните да постапат согласно Устав водејќи сметка за цивилното население во засегнатото подрачје. Се повикуваат вооружените групи кои ја дестабилизираат општина Куманово да го положат оружјето. Граѓаните да не подлегнуваат под притисоци, влијанија и да покажат взаемна солидарност. Надлежните да преземат мерки за извлекување на цивилното население од засегнатите делови. Се задолжува градоначалникот и надлежните општински служби за згрижување на сите граѓани кои ќе бидат евакуирани и да им достават хуманитарна помош, а МВР да ја обезбеди фабриката за вода Филтер станица Куманово.

    Ова е еден од потешките денови во поновата историја на Куманово. Ако оваа работа застане на ова ниво можеби ќе нема последици, меѓутоа ако се продолжи со овие дејствија со поголем број на жртви сигурно ќе остави поголеми траги и долг период на рехабилитација на овој град - кажа градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски ги осуди формациите кои земале оружје и се обидуваат да го дестабилизираат градот.

    Ги осудувам оние кои се кренаа со оружје и да бараат одредени права. Добивав  јавувања од граѓани Македонци, Албанци, Срби и нив не ги интересира кој од која вера и нација е , нив ги интересира да бидат евакуирани - кажа Димитриевски.

    На вонредната седница беа присутни кумановските пратеници во Собранието на РМ, претставници на повеќе институции, но немаше претставник од СВР Куманово.