Советнички прашања на седница на Совет на Општина Куманово
12.04.2022 09:14
| Сузана Николиќ
Единствена точка на дневен ред на осмата седница на Советот на Општина Куманово, која ќе се одржи утре (среда) со почеток во 10 часот, се советнички прашања.

Ова е прва седница во новиот состав на Советот, на која градоначалникот, раководители на сектори и директори на јавни претпријатија ќе дадат одговор на прашања за нивното работење кои се интерес на советниците.
Според Деловниот за работа на Советот, вакви седници со советнички прашања треба да се одржуваат еднаш во три месеци.