Советникот Бекири стана директор
26.10.2011 12:29
| KumanovoNews
На советникот Хуљуси Бекири од ДУИ, денеска му престана мандатот, поради неспоивост во извршување на јавни функции и судир на интереси.

Бекири неодмана бил назначен за директор на Агенцијата за нафтни резерви, поради што си поднел оставка на советничката функција. Советот на Општината на денешната седница ја усвои неговата оставка, и го констатираше престанокот на мандатот. На наредната седница ќе биде верификуван мандатот на новиот член на Советот од листата на ДУИ.