×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот ќе ги разгледува барањата на училиштата за организирање настава со физичко присуство

    27.09.2020 15:49 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која треба да ги разгледа и да даде согласност на барањата на основните и средни училишта за организирање на настава со физичко присуство.

    Советот ќе ги разгледува барањата на училиштата за организирање настава со физичко присуство

    Усвоената одлука ќе биде доставена до владина комисијата, која ќе одлучи кои училишта ги исполнуваат условите и ќе добијат согласност за организирање на настава со физичко присуство.

    Дневен ред:

    1. Предлог – Одлука за доставување на барања за согласност од Владата на Република Северна Македонија за реализирање на настава со физичко присуство во дел од основните и средните општински училишта во Општина Куманово во учебната 2020/2021 година.

    Куманово е една од општините во која сеуште не се` знае во кои училишта ќе се изведува настава со физичко присуство, а останаа уште неколку дена до почетокот на школската година.