Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатие Куманово-гас само ќе ја одредува цената на гасот откако Регулаторната комисија за енергетика дала препорака цената да ја формира Управниот одбор на претпријатието, а да ја одобри Советот на Општината Куманово.
Оваа одлука следува откако минатиот месец претставници на Општината Куманови и регулаторна одржале состанок и се договориле да се формира привремена цена, додека целосно не се заврши гасификацијата на Куманово.
Управниот одбор донесе одлука цената да биде 12 одсто повисока од набавната. Тоа значи дека ако набавната цена е 30 денари, ние ќе ја продаваме по 36 денари по метар кубен. Нашето барање од 12 проценти е сосема прифатливо затоа што во околните земји се наплаќа околу 15 проценти. Ние сме прва фирма во државата, која ќе го продава гасот до потрошувачите. Со одредување на цената ќе ни се отвори патот за нови приклучоци и побраза гасификација на општината- вели директорот на ЈП „Куманово-гас„ Момчило Мирчевски.
Истовремено, Регулаторната комисија за енергетика побарала од од Куманово-гас да достави барање за проширување на лиценцата за дистрибуција на гас на новоизградениот дел на дистрибутивната мрежа и да изготви мрежни правила за дистрибуција на природниот гас.
Одлуката за цената на гасот ќе биде предложена на првата седница на Советот на Општината во текот на месецот.
ЈП „Куманово-гас„ постави 17 километри дистрибутивна мрежа, а досега се приклучени само 11 јавни институции, училишта градини, јавни приетпријатија и зградата на општината. Општина Куманово досега во проектот на гасификацијата потроши 2 милиони евра, сопствени пари.