×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот не даде согласност да се гради зграда наместо трговски центар на „Пиринска Македонија“

    03.09.2024 08:00 | Оливера Пешевска

    Нема да се гради стамбена зграда на пет ката на улицата „Пиринска Македонија“, во близина на К4 зградите зад продавницата на „Сетек“ во Куманово.

    Советот не даде согласност да се гради зграда наместо трговски центар на „Пиринска Македонија“

    Советниците на последната седница не го изгласаа предлогот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план (ДУП), па маркицата на катастарската парцела 18665-1 и 2 останува за изградба на локален трговски центар, со висина од 3 ката, поточно приземје и 2 спрата.

    Новиот предлог се однесуваше на поделба на постоечката на две градежни парцели, од кои на едната би се градело според важечкиот план, а на втората би се изградил деловно-стамбен објект.

    „Измените можат да бидат до 40 посто од важечкиот ГУП, а 60 проценти остануваат големи трговски единици. Во постоечкиот ДУП центарот е предвиден за приземје и два ката, додека со измената се бара едната парцела да се подели на две градежни парцели. Едната останува со првично предвидената висина од приземје и 2 ката (П+2) на 10,5 метри, а на втората се планираат приземје и еден спрат во еден дел, потоа со каскадно повлекување П+3 спрата, односно П+5 спрата во останатиот дел. Планирано е и ново сообраќајно решение, кое во споредба со  важечкиот ДУП е подобро од претходното“, објасни Емилија Сларидис Јаневска, раководител на Секторот за урбанизам, кој е предлагач на измена на ДУП-от.

    Во делот за кој се бараше измената се предвидуваа стамбени единици, мали комерцијални и адмистративни единици. Во постоечкиот ДУП постојат и смејни куќи за домување.

    Советниците не беа заинтересирани за дискусија, па 20 советника гласаа воздржано, само 3 го поддржаа планот, а двајца се изјаснија против.

    „Легитимно е барањето на инвеститорот, но имаше и голема дилема во комисијата и немаше доволно аргументи за согласност за една ваква измена. Најголема дилема е каде ќе биде пристапот за објектот и прашањето на проблемите кои ќе излезат отпосле и во така големиот сообраќаен хаос кој се случува на тој потег. Мислењето на комисијата истовремено го делам и јас“, кажа претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

    Советничката група на СДСМ и коалицијата излезе со став дека за нив е неприфатлива измена и дополна ДУП за зелената површина кај К4 зградите на улица „Пиринска Македонија“.

    Градежна парцела се наоѓа на атрактивна локација на потегот меѓу улицата „Пиринска Македонија“, булеварот “Октомвриска револуција“ и улицата „Иво Лола Рибар“.

    Првичниот план за градење на трговски центар е донесен со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) во 2002 година, пред 22 години.