×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот не прифати на дневен ред да се најде точка за учество на граѓаните во креирањето на општинскиот буџет

    02.12.2024 09:44 | Оливера Пешевска

    Предлогот на советникот Миле Андоновски дневниот ред да се надополни со точка за организирање на форуми на кои граѓаните ќе учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2025 година не доби поддршка од мнозинството во Советот на Општина Куманово на последната седница.

    Советот не прифати на дневен ред да се најде точка за учество на граѓаните во креирањето на општинскиот буџет

    Андоновски во обид да ги убеди колегите, ги потсети дека Општината и Советот имаат можност, право и обврска, да им дозволат на граѓаните да учествуваат во донесување на најважниот документ кои директно влијаат на нивниот живот, секојдневие, но и во иднина.

    „Мислам дека ова е многу важно прашање и конечно треба ние да се отвориме кон граѓаните и да дадеме простор да се изнесуваат определени идеи. Дали некои од тие идеи ќе можат да бидат прифатени, дали ќе влезат во програмата на актуелна власт или во иднина е сосема ирелевантно прашање. Многу е важно конечно да профункционира таа можност граѓаните на овој начин да можат да учествуваат во генералните политики на општина Куманово, особено кога се работи за трошење на буџетските средства“, истакна во своето образложение Андоновски.

    Тој предложи форумот да се одржи од 1 до 15 декември, кога определени групи на граѓани би предлагале инвестиции и трошење на општинскиот буџет, во согласност со своите визии за развој на општината.

    Одлуката да се стави ова точка на дневен ред беше тесна, 14 советници гласаа за, а 15 против, поради што не беше прифатена.

    И додека Општина Куманово со години наназад не организира јавни  расправи и буџетски форуми, помалите општини Крива Паланка, Бутел, Илинден, Дебрца, Аеродром, Охрид, Центар, Гази Баба, Битола ги креираат општинските буџети за наредната година заедно со граѓаните, невладините организации и здруженија.

    Во Куманово буџетот го креираат партиите на власт, а идеите ги црпат од нивните членови во партиските штабови. Главно ги протежираат населбите каде што имаат поддршка, независно од приоритетите на останатите граѓани.