×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот за етика на медиуми утре во Куманово

    11.06.2015 13:35 | KumanovoNews

    Саморегулацијата во медиумите како принцип кој доведува до поголема професионалност и етички стандарди во новинарството е главната тема на презентацијата на Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), кој утр ќе се одржи во Куманово.

    Советот за етика на медиуми утре во Куманово

    Членовите на Комисијата за жалби и на Извршната канцеларија кои ќе присуствуваат на презентацијата ќе го промовираат принципот на саморегулација, досегашните искуства на Советот за етика во медиумите и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

    Настанот ќе биде искористен и за прикажување на поинтересните случаи кои досега биле обработувани од Комисијата за жалби при СЕММ, како и ефектот на медијацијата што е една одглавните алатки што ги применува Советот при решавањето на пријавите за непрофесионално и неетичко новинарство.

    СЕММ е здружение на граѓани формирано од повеќе медиуми пред една година, а функционално започна со работа пред околу 6 месеци. Главната цел на СЕММ е поголем степен на почитување на етичките стандарди во новинарството, како и поедноставен пристап на јавноста (граѓани, институции и правни лица), до раководствата на медиумите, кога ќе се почувствува некаква повреда на дел од правата или непрофесионално известување. Главното мото на СЕММ е - Колку повеќе саморегулација, толку помалку (државна) регулација.

    Настанот ќе се одржи во ресторанот „Рим Париз“, во Куманово, со почеток од 11 часот и е отворен за јавноста.