×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот за превенција ќе ја подобрува безбедноста во градот

    03.07.2015 11:43 | KumanovoNews

    Локалниот совет за превенција секој прв вторник во месецот ќе се состанува, и ќе дискутира за безбедносната состојба во градот.

    Советот за превенција ќе ја подобрува безбедноста во градот

    Посебно внимение ќе се обрне за намалување на криминалитетот, јавниот ред и мир и регулацијата на сообраќајот во градот.

    Ова денеска беше договорено, при што учесниците донесоа заклучок дека треба да продолжат соседските патроли, полициско работење во месни канцеларии каде ќе можат граѓаните да побараат помош , враќање на позорникарска служба, продолжување на проектот “Полиција и граѓани заедно“, мешани патроли и слично. Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски предложи за државниот празник 8 септeмври да има отворен ден со полицијата, АРМ и пожарна, за ученици , лица со посебни потреби и инвалиди.

    “Имаме добри заклучоци кои што се надевам дека ќе се реализираат и во пракса и веќе на наредниот состанок, ќе може да се презентираат конкретно преземени мерки и активности, а во догледно време се надевам дека ќе има резултати од сето тоа. Мерило ќе биде од она колку граѓаните ќе ги почувствуваат ефектите“- изјави Виолета Богдановска, раководител на  отсек за превенција при СВР Куманово.

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски говореше за настаните од 9 и 10 мај во населба Тоде Мендол, и изрази жалење што на состанокот нема претставник од јавното обвинителство.

    “Нема никакви официјални информации за она што се случуваше на 9 мај во Куманово. Луѓето кои беа инфилтрирани видовме дека имаат дебело криминало цв. Имаше многу шпекулации, и очекуваме институциите да дадат одговор“- рече Дамјановски.

    Командирот на Полициска станица од општа надлежност Куманово, Антон Витковски информираше дека во првото полугодие годинава, се регистрирани 679 кривични дела кои се гонат по службена должност, што е помалку од лани кога имало 852. Од нив 417 дела или 61 отсто се расчистени.

    Во однос на лани истиот период, бројот на сообраќајни несреќи со смртни последици е зголемен. Лани имало 5, а годинава 6 такви сообраќајки. Загинале 9 лица и тоа 2 пешаци, 3 возачи и 4 сопатници.

    На состанокот на локалниот совет за превенција присуствуваа претставници на СВР Куманово, советници, вработени во општината, двајца пратеници, преставници на ОБСЕ и други.